Бизнис

Азески: „Алкалоид“ 90 години расте, инвестира и извезува

Пишува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во посебен напис се осврнува на значајниот јубиле на „Алкалоид“, една од најзначајните компании во Македонија. Текстот на Азески го пренесуваме ингерално:

„Деновиве едно од нашите најуспешни компании слави 90 години од своето постоење. Помина низ три држави, неколку различни системи и секогаш беше во врвот на македонската економска стварност. Што е поважно, верна членка на Стопанската комора. Но, сепак Алкалоид во досегашната меморија на бизнисмените ќе биде запаметен како стабилна, успешна, професионална и извозно ориентирана компанија.

Нејзиниот континуиран раст е како нешто нормално, веројатно мислејќи на потребните алатки за остварување на целите, а тоа се искуство, едуциран кадар, добар менаџерски тим и докажан бизнис лидер. СКСМ е горда што го има Алкалоид за членка и почестена од високиот професионализам во меѓусебните односи. Денес луѓето не сакаат фрази, туку конкретни активности.

Алкалоид и СКСМ секогаш беа субјектите кои први помагаа на другите. Така беше кај Ковид кризата, кога запре транспортот на суровините и кога денови и ноќи се боревме користејќи ги нашите мрежи, разбивајќи ги блокадите на хрватската граница. Така беше и кога во Брисел се боревме за сите административни пречки кои му се наметнуваа на балканскиот бизнис, како членови на Бизнис советот на КИФ. Така беше и при помагањето на институциите и личностите од областа на културата и уметноста.

Ако Алкалоид е бренд кој има супер брендови од типот на Кафетин, Бекутан, Панцеф, Чајот има и бренд на лидерското место кој е признаен во бизнис круговите како модел за современ бизнисмен. Да имаш човек во неговите години со таква способност е огромен капитал во една земја како нашата. Уверен сум дека на 100-годишнината на Алкалоид ќе имаме една побогата и поубава држава и дека Алкалоид ќе достигне милијарда евра обрт со што ќе се гордееме и ние, но и г-динот Трајче Мукаетов кој ги започна овие процеси и илјадници вработени кој поминале низ Алкалоид.

Нека им е честит јубилејот!“, пишува Азески.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top