Бизнис

Батериските системи го менуваат правилото на игра за сопствениците на фотоволтаични електрани

На крајот на 2025 година и на почетокот на 2026, македонската енергетика влегува во нова фаза

На крајот на 2025 година и на почетокот на 2026, македонската енергетика влегува во нова фаза. По неколку години интензивни инвестиции во фотоволтаични електрани, системот се соочи со сериозни предизвици – ниски, па дури и негативни берзански цени во часовите на најголемо производство, ограничувања во преносната мрежа и финансиски загуби за инвеститорите.

Во интервјуто за Капитал  управителот на компанијата ЕМС, дел од групацијата ФЕРОИНВЕСТ, Тодор Анѓушев смета дека денес веќе нема дилема: системите за складирање на електрична енергија стануваат клучен предуслов за стабилност, профитабилност и усогласување со европските правила.

1. Г-не Анѓушев, станува јасно дека батериите се неизбежен чекор. Како ја оценувате состојбата со фотоволтаиците денес?

Во последните години главните инвестиции беа насочени кон фотоволтаични централи. Денес веќе јасно се гледа дека без дополнителни решенија, системот не може да ја апсорбира целата произведена енергија.

Во изминатите две години имавме ситуации со негативни берзански цени, што значи дека производителите или мораа да ги исклучуваат електраните или дури да плаќаат за некој да ја преземе нивната енергија. Вишокот од обновливи извори создава дебаланси во мрежата и покажува дека складирањето станува неопходност, а не избор.
Батериските системи веќе не се дополнителна опција, туку клучна алка за одржливост на енергетската транзиција.

2. Дали инвеститорите веќе задоцнија со батерии?

Не е доцна. Батериските системи како инвестиција кај нас се релативно нови и беше потребно време државата да воспостави јасна законска и регулаторна рамка. Тоа подразбираше измени на закони, правилници и мрежни правила, што денес веќе е завршен процес.

Сепак, времето останува клучен фактор. Колку побрзо се инвестира во батериски систем, толку побрзо се намалуваат загубите и се подобрува економиката на проектот. Периодот крај на 2025 и почетокот на 2026 година ќе биде пресуден за инвеститорите кои сакаат да останат конкурентни.

Како ФЕРОИНВЕСТ, имаме батериски системи на залиха и технички подготвен кадар, што ни овозможува брза и сигурна реализација.

3. Колкава е реалната примена на батериите во моментов?

Батериите сè уште се во почетна фаза на примена, но проблемот кој тие го решаваат е веќе целосно присутен. Ние уште од минатата година ги советувавме сопствениците на фотоволтаични електрани да се подготвуваат за вакви инвестиции, за навреме да одговорат на новите пазарни и регулаторни услови.

Кога сите произведуваат во исто време, никој не може да продава по добра цена.

Единственото рационално решение е складирање и продажба во часови со повисока цена.

4. Министерството за енергетика неодамна ги објави компаниите кои добија лиценци за батериски системи кои почнаа да се градат во 2025. Вашата компанија е единствена која има веќе изградени и лиценцирани батериски системи и кои веќе работат. Во јануари се очекува нова група проекти за 2026 година, од кои значаен дел ќе ги реализира токму ФЕРОИНВЕСТ. Како го оценувате ова ново поглавје во енергетската транзиција?

Ова е исклучително важен и позитивен чекор, не само за нашата компанија, туку и за целиот енергетски систем на државата. Фактот што ФЕРОИНВЕСТ е прва компанија со веќе изградени и лиценцирани батериски системи кои веќе работат, покажува дека навреме ја препознавме насоката во која се движи енергетиката. Батериите се поставени на две фотонапонски електрани, едната во сопственост на ФЕРОИНВЕСТ, а другата во наша делумна сопственост, каде сме во партнерски однос со уште неколку фирми.

Батериите повеќе не се пилот-проекти или експеримент – тие стануваат клучна инфраструктура за стабилноста на системот. Новата група на проекти што се очекува во јануари, како и подготовките за 2026 година, јасно покажуваат дека државата и инвеститорите конечно влегуваат во фаза на посистемско планирање.

За нас, ова претставува логично продолжение на нашата стратегија: да не бидеме само градители на електрани, туку активен и контруктивен чинител во управувањето, балансирањето и оптимизацијата на енергетскиот систем. Веруваме дека батериските системи ќе имаат клучна улога во наредните години, особено во контекст на високото учество на обновливи извори, пазарните ценовни флуктуации и новите европски механизми како CBAM, кој сега станува нов предизвик за нас како држава и стопанство.

5. Кои батериски системи ги нудите?

ФЕРОИНВЕСТ е ексклузивен застапник за Македонија на глобалниот бренд WEIHENG (WHES), и нуди две решенија. Станува збор за кабинетски батериски системи со капацитет од 233 kWh / 100 kW, составени од модуларни единици и лесно надградливи, наменети за фотоволтаични електрани до 2 MW.

Дополнително, нудиме и контејнерски батериски решенија од 2, 3, 4 и 5 MWh, наменети за големи комерцијални електрани, целосно прилагодени за надворешна инсталација и екстремни температури.

6. Колку се сложени батериите од технички аспект?

Батериите се далеку посложени од фотоволтаиците. Тие бараат секојдневно управување, мониторинг и оптимизација. Причината е тоа што постојат разлики помеѓу инсталиран и употреблив капацитет, како и софтверски стратегии кои мора да се прилагодат на локалните пазарни услови.

Затоа ние нудиме целосна услуга – од избор и инсталација, до часовно и дневно управување со батеријата, и на крајот откуп на електричната енергија.

7. Значи, нема дилема дека батериите се исплатлива инвестиција?

Цените на батериските системи значително се намалија. Според најновите физибилити студии, повратот на инвестицијата е од 2 до 3 години, земајќи ги предвид сите параметри на деградација и загуби.

Клучно е да се одбере докажан производител. Нашите системи се од AAA – Tier 1 производител според „Bloomberg“ и веќе функционираат во повеќе европски земји. Инвеститорот мора точно да знае каде опремата е инсталирана и како работи, дали некаде во Европа тие конкретни батерии функционираат, кој тука во Македонија ќе ги преземе и сл. Има случаи кога инвеститори купија батерии без да се осигураат за нивната функционалност, за нивната понатамошна инсталација и управување, и наместо да решат еден свој проблем, за жал си создадоа нов. Но, има решение за се.

8. Какви се опциите за финансирање?

Главно преку банки. И банките увидоа дека без батерии фотоволтаичните проекти не се одржливи на долг рок и дека батериит се неопходност и се исплатливи за кредитирање.

За финансирање е потребна физибилити студија и бизнис план, кои ние ги подготвуваме за нашите клиенти, обезбедувајќи им целосна поддршка – од идеја до реализација и управување.

9. Како ќе влијае CBAM врз електричната енергија и инвестициите во батерии?

CBAM ќе ја тангира не само тешката индустрија, туку и електричната енергија, како и уште неколку категории. Со влегувањето во 2026 година, извозот на електрична енергија без дополнителните трошоци за CBAM ќе стане неисплатлив и како таков нема ни да се прави. Никој надвор нема да сака да купи скапа струја од нас, оптоварена со таа давачка. Исто ќе биде во сите земји надвор од ЕУ, се додека не се усогласат со регулативата и не ги воведат потребните регулаторни тела внатре во државите.

Тоа значи дека електричната енергија произведена во Македонија ќе мора да се користи и продава на домашниот пазар. За да се постигне тоа, неопходно е таа да се складира кога ја има во вишок и потоа рационално да се распределува во текот на сите 24 часа и да ја трошиме тука, во Македонија.

Токму сега батериите стануваат стратешка инфраструктура – не само за инвеститорите, туку и за државата. На Македонија и требаат батерии, базна енергија и сериозни инвестиции во преносната и дистрибутивната мрежа.

Енергетската транзиција мора да биде планирана, а не стихијна, за системот да ни остане стабилен.

Најнови вести од: Бизнис

ССМ: Македонија е меѓу најлошите држави во светот за работниците

Од Синдикатот велат дека „и оваа година забележано е формирање и дејствување на жолт синдикат и тоа под политичка наредба, како и забележано е присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат кој наместо да работи во интерес на работниците, работи во интерес на газдите и политичката партија под чија наредба и се формирал, односно онаа политичка партија којашто е на власт“.

Над 40 милиони евра за 10.000 луѓе предвидени со Оперативниот план за вработување

Годинава целта на Оперативниот план е развојот на претприемништвото и самовработувањето. За оваа намена предвидена е поддршка за над 2.000 лица преку мерките за самовработување, вклучително и за млади лица до 29 години, лица над 29 години и здружување на корисници во трговски друштва. Преку овие мерки се обезбедуваат грантови до 615.000 денари за основање сопствен бизнис, како и поддршка до 1.230.000 денари за здружување на повеќе корисници во заеднички бизнис.

Владата најави санкции за компаниите кои нудат плати под минималната

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ниту една компанија не смее да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата и најави контроли и санкции доколку биде констатирано дека навистина се нудат работни места за плати под минималната.

(Фото): Фирмите добиваат побрзи и поедноставени царински процедури со електронскиот – АТА систем

Од 1 јуни 2026 година официјално започнува глобалната транзиција кон модернизираниот дигитален е-ATA Carnet систем, согласно меѓународната динамика утврдена од Меѓународната трговска комора (ICC) и Светската царинска организација (WCO).

Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027-2029, тој останува стабилен и одржлив

Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој според проекциите во 2031 година ќе се намали на 56,1% од БДП и ќе остане под утврдениот праг од 60% од БДП.

Граѓани и компании чекаат поврат на над 300 милиони денари

Наплатата на приходите од данокот на добивка останува стабилна, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) по обработката на даночните биланси за 2025 година, за кои рокот за поднесување истече во март годинава. Според УЈП, вкупно 25.506 даночни обврзници поднеле образец „ДБ“ за оданочување на добивка, додека 50.465 обврзници доставиле образец „ДБ-ВП“ за оданочување на вкупен приход. Бројките бележат раст во споредба со претходната година.

To top