Бизнис

„Џонсон Мети“ од Македонија деветта најсилна компанија во поранешна Југославија

Фирмата-ќерка на британскиот производител на катализатори е единствената македонска меѓу 100 најсилни во Југоисточна Европа

Македонската филијала на британскиот производител на автомобилски катализатори „Џонсон Мети“ го дели деветтото место со словенечки ГЕН-И меѓу најсилните компании во поранешна Југославија, според водечкиот деловен портал во Босна и Херцеговина, „Бизнис инфо“.

Со вкупен приход од 1,9 милијарди евра, „Џонсон Мети ДООЕЛ“ е единствената компанија од Македонија на листата на ЈИЕ топ 100 за 2025 година, Србија има 13, Словенија и Хрватска по 11, Босна и Херцеговина една, а Црна Гора ниту една.

Посилни компании од „Џонсон Мети ДООЕЛ“ на ексјугословенскиот простор се само словенечките „Петрол“ со 4,6 милијарди евра, ХСЕ (Холдинг словенске електрарне) со 3,6 милијарди и „Горење“ со 3,1 милијарди, српските ЕПС (Електропривреда Србије) со 3,9 милијарди и НИС (Нафтна индустрија Србије) со 3,3 милијарди и хрватските ИНА со 3,8 милијарди, ХЕП (Хрватска електропивреда) со 2,7 милијарди и „Конзум плус“ со 2 милијарди евра.

Словенечките компании на листата заедно остваруваат вкупен приход од 22,9 милијарди евра, српските 20,9 милијарди, а хрватските 17,4 милијарди.

Единствената компанија од БиХ во ова рангирање, „Бинго“ од Тузла, има вкупен приход од 1,1 милијарди евра.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top