Бизнис

ФЕРОИНВЕСТ го изгради првиот лиценциран батериски систем во Македонија

Електраната во Гиновце доби систем кој значително ќе ја зголеми исплатливоста

ФЕРОИНВЕСТ ја изведе првата батерија во Македонија, која, согласно новите законски одредби, има градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија.

Батерискиот систем е поставен на фотонапонската електрана во Гиновце, во близина на Крива Паланка, која е во делумна сопственост на сестринската компанија ЦЕНТРАЛИНВЕСТ, заедно со неколку деловни партнери.

Електраната има инсталирана моќност од 4,5 MW (мегавати) и батериски систем од 6,1 MWh (мегаватчаса), со кој секојдневно управува ФЕРОИНВЕСТ преку сопствен систем за програмирање и контрола.

Искуството од првите недели од работењето на батеријата покажува дека е постигната двојно повисока цена за продажба на електричната енергија во споредба со фотоволтаична електрана без батерија. Ова значи дека батеријата ќе се исплати за 3 години, а ќе има и значително подобрена исплатливост на самата електрана.

Фото: Фероинвест

Батеријата овозможува електричната енергија да се складира во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и да се користи или продава во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката на енергија и пазарните цени се драстично повисоки.

На овој начин батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.

Фото: Фероинвест
Фото: Фероинвест

Овој тренд, кој произлегува како последица од инсталирањето на поголем капацитет на фотонапонски електрани од реално потребниот, ФЕРОИНВЕСТ го согледаде уште пред две и пол години и започна со истражување и инвестирање во развој на батериски системи.

Најнапред истите ги инсталира на сопствени проекти, а во моментов работи и на батериски системи за други инвеститори, со капацитет од над 50MWh, кои ќе почнат со работа од нова година.

Во Македонија се инсталирани над 1.000 MW фотонапонски електрани, за кои ќе бидат потребни околу 2.000 MWh батериски системи. ФЕРОИНВЕСТ  ќе учествува во значителен дел од овие проекти, и како изведувач  и како инвеститор.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top