Бизнис

„Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ за Македонија

Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, информираат од министерството на финансии на Република Македонија.

Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија

Позитивно е оценета и динамиката на јавните инвестиции. Капиталните расходи во периодот јануари–јули годинава бележат раст од 40% на годишно ниво, што претставува 46% од ревидираната цел за целата година и што според Агенцијата ја одразува силната реализација на крупните инфраструктурни проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д.

„Фич“ очекува економската активност да продолжи да биде поддржана од силните јавни инвестиции и приватната потрошувачка. Дополнителен потенцијал за повисок раст на среден рок Агенцијата препознава во продолжувањето на инфраструктурните проекти и спроведувањето на реформите во рамки на инструментите на Европската Унија.

Како фактори што го поддржуваат кредитниот рејтинг, „Фич“ повторно ги издвојува поповолните показатели за управување и повисокиот БДП по жител во однос на земјите со споредлив кредитен рејтинг, како и посветеноста на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој се оценува како значајно реформско сидро на среден рок.

Во однос на фискалната рамка, „Фич“ ја нотира целосната примена на Законот за буџети од 2028 година, како и потребата од постепена фискална консолидација, при што очекува намалување на дефицитот на среден рок.

Агенцијата ги нотира и реформските активности за подобрување на наплатата на приходите, вклучително и воведувањето на е-фактурирањето.

Агенцијата нотира релативно поволна структура на долгот на општа влада имајќи го предвид големото учество на мултилатерални и билатерални кредитори во истата, а очекува бруто-долгот на општата влада да се стабилизира на просечно ниво од 52,7% од БДП во периодот 2026–2028 година, односно под утврдениот.

Потврдата на кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед претставува значаен сигнал до меѓународните финансиски пазари и инвеститорите за стабилноста и перспективите на македонската економија, особено во услови на зголемени глобални економски и геополитички предизвици.

Министерството за финансии продолжува со политиките насочени кон одржлив економски раст, засилена реализација на капиталните инвестиции, структурни реформи и постепена фискална консолидација, со цел зајакнување на економските фундаменти, конкурентноста и животниот стандард на граѓаните.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Најнови вести

To top