Бизнис

Инженерите од ФЕРОИНВЕСТ го претставија најновиот проект за батериски системи

Практичен пример за проектирање современ систем за складирање струја

ФЕРОИНВЕСТ учествуваше на годинешната конференција на МАКО CIGRE, каде беше презентиран трудот на тема „Интеграција на батериски систем од 1.6 MW / 3.73 MWh во постоечка фотоволтаична централа”.

Трудот, подготвен од инженерите Стефани Георгиевска, Сандра Цветанова, Сашо Милевски и Војдан Андонов, претставува практичен пример за примена на домашно знаење и технологија во проектирање и изведба на современи системи за складирање електрична енергија (BESS).

Со овој проект, како што велат од компанијата, ФЕРОИНВЕСТ ја демонстрира својата инженерска подготвеност за интеграција на батериски системи, кои се клучен дел од енергетската транзиција и овозможуваат поголема ефикасност, стабилност и исплатливост на инвестициите во обновливи извори на енергија.

– Македонија располага со знаење и експерти кои можат да реализираат високотехнолошки енергетски решенија според европски стандарди, што се покажа со тоа што нашите инженери ја инсталираа првата лиценцирана батерија за складирање електрична енергија во земјава – изјавија од ФЕРОИНВЕСТ.

„Анализите прикажани во трудот потврдуваат дека ваквите системи се профитабилни и економски оправдани, со период на поврат на инвестицијата од околу 4 години и значителна добивка во текот на работниот век на батеријата.

Тоа ги прави батериските системи не само технолошка потреба, туку и одлична можност за инвеститорите кои сакаат да вложуваат во модерна, стабилна и исплатлива енергетика“, се вели во соопштението.

На советувањето на здружението на професионалци, инженери, универзитетски професори и компании од енергетскиот сектор во Македонија, МАКО CIGRE, ФЕРОИНВЕСТ одржа и посебна корпоративна презентација на која ги запозна присутните со сите проекти за кои компанијата нуди решенија ,,клуч на рака”, за батериски системи, фотонапонски електрани, мали хидроелектрани, биогасни електрани, производство на трафостаници, со комплетно вклучено проектирање, изведба, одржување и откуп на електричната енергија.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top