Бизнис

iOS 26 е најголемото ажурирање во последните 12 години, проверете кои модели на Iphone ја подржуваат оваа надградба

На 9 септември 2025 година, за време на премиерата на новите модели iPhone 17, iPhone 17 Pro, iPhone 17 Pro Max и iPhone Air, Apple објави дека iOS 26 ќе биде достапен за надградба од 15 септември.

На 9 септември 2025 година, за време на премиерата на новите модели iPhone 17, iPhone 17 Pro, iPhone 17 Pro Max и iPhone Air, Apple објави дека iOS 26 ќе биде достапен за надградба од 15 септември. Ова ажурирање, во согласност со практиката на Apple, ќе се случи помеѓу почетокот на пред-нарачките (12 септември) и официјалното лансирање на уредите (19 септември). Сите модели од серијата iPhone 17 ќе доаѓаат со претходно инсталиран iOS 26.

iOS 26, дел од јавната бета програма на Apple во изминатите недели, носи побрзи анимации, што го прави системот пожив и пофлуиден. Клучна новина е редизајнот Liquid Glass, прв ваков голем визуелен пресврт од iOS 7 пред 12 години, кој се протега низ целиот систем и апликациите на Apple.

Новитет е апликацијата Games, централно место за игри, како и унапредена функција за визуелна интелигенција слична на Circle to Search на Google. Додадена е и интеграција со ChatGPT.

Листата на поддржани уреди за iOS 26 вклучува: iPhone 16e, iPhone 16, iPhone 16 Plus, iPhone 16 Pro, iPhone 16 Pro Max, iPhone 15 серијата, iPhone 14 серијата, iPhone 13 серијата, iPhone 12 серијата, iPhone 11 серијата и iPhone SE (2020 и 2022).

Моделите iPhone XR, iPhone XS и iPhone XS Max нема да ја добијат оваа надградба.

Најнови вести од: Бизнис

АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити

Од првите штедни навики кај најмладите до конкретните можности за штедење на граѓаните, АЛТА банка продолжува да ја поддржува културата на штедење како важен дел од финансиската сигурност и стабилност.

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Најнови вести

To top