Бизнис

ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на сметководствената професија

Во организација на ИСОС – Институтот на сметководители и овластени сметководители, на 6 мај 2026 година во Скопје ќе се одржи третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Генерација со визија – Професија со иднина“

PANELI_ISOS_Mart 2026_3360x1008_MKD

Конференцијата се очекува да обедини околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот. Ќе учествуваат и претставници од институциите, академската заедница, деловниот сектор, како и меѓународни организации и професионални тела, вклучително и претставници на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC) и CFE Tax Advisors Europe, со цел отворање на суштински дијалог за иднината на сметководствената професија. Програмата на годинешната конференција вклучува повеќе панел-дискусии и тематски сесии, а фокусот е ставен на трансформацијата на професијата во услови на засилена дигитализација, новите регулаторни барања и зголемена потреба од доверба и транспарентност.

Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на младите како двигатели на идните промени во професијата. Една од новините на овој регионален собир ќе биде и Саемот за дигитализација, наменет за презентација на современи софтверски решенија и алатки за унапредување на сметководствената професија.

„Третата регионална конференција е логично продолжение на нашата стратешка определба да ја развиваме професијата во чекор со глобалните трендови, но и да ја направиме поатрактивна за младите. Денес сметководството не е само работа со бројки, тоа е професија што гради доверба, поддржува одлуки и има директно влијание врз економијата. Токму затоа, оваа година посебен фокус ставаме на новите генерации, на технологијата и на иднината на професијата“, изјави претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Во рамки на конференцијата ќе биде презентиран и студентскиот проект: видео подкастот „Повеќе од само бројки“, иницијатива која произлезе од претходното издание на конференцијата и има за цел да ја доближи професијата до младите.

„Целта на подкастот ‘Повеќе од само бројки’ е да го прикаже сметководството од поинаква перспектива, како динамична и современа професија. Преку разговори со практичари и експерти, сакаме да ги разбиеме стереотипите и да покажеме дека оваа професија нуди стабилност, развој и реални кариерни можности“, истакна Моника Митреска, координаторка на студентскиот проект.

Конференцијата ќе ја отвори претседателката на ИСОС, заедно со високи претставници на Владата, со што ќе се потврди улогата и значењето на сметководствената професија за економскиот систем и општеството во целина. Со оваа конференција ИСОС продолжува да ја зацврстува својата позиција како клучен двигател на развојот, модернизацијата и меѓународната афирмација на сметководствената професија, со јасен фокус на иднината и новите генерации.

Агендата на конференцијата е достапна на веб-страницата на ИСОС – isos.mk

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top