Бизнис

Како да се намали сметката за струја за дури 40%?!

За многу компании, промената на снабдувачот со електрична енергија и изборот на партнер како ЕДС претставува еден од наједноставните чекори кон поефикасно управување со трошоците – без ризик, без прекин во работењето и со јасна слика за потенцијалните придобивки.

Во услови на зголемени оперативни трошоци и неизвесност на енергетските пазари, сè повеќе компании бараат начини како да ја оптимизираат потрошувачката на електрична енергија без да го нарушат секојдневното работење. Една од опциите што добива сè поголемо внимание е промената на снабдувачот со електрична енергија – чекор што може да донесе значителни заштеди без да влијае врз секојдневното работење.

Она што многу компании не го знаат е дека оваа постапка е значително поедноставна отколку што се претпоставува. Промената на снабдувачот не подразбира технички интервенции, замена на броила или приклучоци, ниту пак административни или кадровски прилагодувања. Дистрибутивниот оператор продолжува да ја мери потрошувачката на ист начин, во исто време, секој месец – додека за компанијата, во суштина, сè останува исто, освен трошоците. Токму ваков модел на снабдување нуди ЕДС, компанија која на домашниот пазар сè почесто е избор за снабдувач за електрична енергија за бизнис секторот. Преку оптимизирано управување со потрошувачката, компаниите кои се снабдуваат од ЕДС можат да остварат заштеди дури до 40 проценти.

Во таа насока, ЕДС нуди можност за бесплатна и необврзувачка анализа на потрошувачката, преку која компаниите можат јасно да добијат увид во потенцијалната заштеда. Анализата се изработува врз основа на релевантни податоци, по што компанијата самостојно носи информирана одлука за понатамошните чекори.

Предноста на ЕДС се темели на обемот на работење – како снабдувач со големо портфолио, ЕДС секојдневно набавува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален и стабилен енергетски биланс. Дополнително, компанијата располага со развиена корпоративна инфраструктура за транспорт на електрична енергија низ Централна и Југоисточна Европа, што придонесува за поефикасен и поекономичен пренос.

За многу компании, промената на снабдувачот со електрична енергија и изборот на партнер како ЕДС претставува еден од наједноставните чекори кон поефикасно управување со трошоците – без ризик, без прекин во работењето и со јасна слика за потенцијалните придобивки.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top