Бизнис

Македонија шеста во светот по привлекување странски гринфилд инвестиции

Македонија се враќа на високи места на листите за странски инвестиции

Македонија се најде на шестото место меѓу 105 земји од светот рангирани во извештајот Greenfield FDI Performance Index за 2025 година кој пресметува колку странски инвестиции привлекле земјите во однос на нивниот БДП.

 

Во извештајот кој го пренесува Блумберг Адриа а веќе десет години го подготвува „ФДИ интелиџенс“ (FDI Intelligence) специјален истражувачки оддел на „Фајненшл Тајмс“ (Financial Times) се нагласува дека Македонија со помалку од два милиона жители и номинален БДП од околу 16 милијарди долари е пример за земја од Западен Балкан која ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции.

 

На првото место на листата повторно се најдоа Обединетите Арапски Емирати, на второто место е Намибија, а на третото Костарика. Од земјите од регионот освен Македонија, којашто е најдобро пласирана меѓу првите десет земји на глобално ниво се најдоа и Босна и Херцеговина (7.место) и Србија (8. место). Хрватска е рангирана на 20. место на глобалната листа, а најлошо е рангирана Словенија на 79.место.

 

Повеќе на Блумберг Адриа

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top