Бизнис

Македонија влегува во клучен европски гасен проект

Одлуката била потврдена на состанокот на операторите на гасните преносни системи во Атина, каде што било договорено НОМАГАС да стане дел од оваа регионална рамка за соработка. Покрај Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина, Словачка и Унгарија, во процесот на приклучување сега се и Македонија и Србија.

Македонија направи значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност, откако доби покана да се приклучи на Вертикалниот гасен коридор – една од најважните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираат дека проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што во изминатиот период ги предводела министерката Сања Божиновска, во соработка со МЕРМС и НОМАГАС.

Во рамки на посетата на Вашингтон, Божиновска остварила средби со високи претставници на американската администрација, при што било истакнато значењето на регионалната енергетска поврзаност и диверзификацијата на снабдувањето со природен гас. Активностите продолжиле и на Самитот за енергетска транзиција во Атина, каде што министерката разговарала со колегите од регионот, по што бил отворен процесот за приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор.

Одлуката била потврдена на состанокот на операторите на гасните преносни системи во Атина, каде што било договорено НОМАГАС да стане дел од оваа регионална рамка за соработка. Покрај Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина, Словачка и Унгарија, во процесот на приклучување сега се и Македонија и Србија.

Од Министерството оценуваат дека со ова земјата се доближува до својата стратешка цел – да стане активен дел од европската енергетска мрежа и да обезбеди посигурно, поконкурентно и диверзифицирано снабдување со природен гас. Вертикалниот гасен коридор не претставува изградба на еден нов гасовод, туку поврзување на постојните национални гасоводи, интерконектори и терминали во единствена европска мрежа, преку која природниот гас ќе може да се транспортира по повеќе правци, од југ кон север на Европа.

Оваа иницијатива директно се надоврзува на капиталните проекти што веќе ги реализира Министерството, меѓу кои се интерконекторот со Грција, кој треба да биде пуштен во употреба во текот на 2027 година, како и подготовките за изградба на интерконектор со Србија. Со нив Македонија за првпат ќе добие пристап до повеќе извори на природен гас, вклучително и до течен природен гас (LNG).

  • Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, значително се зголемува и стратешката вредност на овие инфраструктурни инвестиции. Наместо да бидат само национални проекти, интерконекторите со Грција и Србија стануваат дел од поширока европска транспортна мрежа, што ќе овозможи подобро искористување на капацитетите, поголема флексибилност и повисоко ниво на сигурност во снабдувањето, а со тоа земјата станува и важна транзитна точка за снабдување со гас во регионот и Европа – изјави министерката Сања Божиновска.

Од Министерството додаваат дека интересот на енергетските компании за транспортните капацитети покажува дека Вертикалниот гасен коридор веќе се наметнува како една од најважните идни рути за транспорт на природен гас во регионот.

Формалното приклучување на Македонија се очекува во септември во Солун, кога треба да биде потпишана декларацијата за пристапување кон оваа европска рамка за соработка.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top