Бизнис

Менторството – најсилна алатка за раст и опстојување на малите бизниси

Според податоците на Европската комисија, малите и средни претпријатија (МСП) кои добиле менторска поддршка имаат за 70% поголема шанса да опстанат во првите пет години од своето постоење, во споредба со оние што не користеле таква поддршка

Според податоците на Европската комисија, малите и средни претпријатија (МСП) кои добиле менторска поддршка имаат за 70% поголема шанса да опстанат во првите пет години од своето постоење, во споредба со оние што не користеле таква поддршка. Менторството сè повеќе се препознава како клучна алатка за подобрување на менаџерските вештини, носење стратешки одлуки и зголемување на конкурентноста кај овие претпријатија.

Во таа насока, претпријатието „Кокино Вино“ од Куманово, која започна со производство на вино уште во 2005 година, е еден од примерите за успешно користење на “стандизирана менторската услуга” која се реализира преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АППРМ).

По иницијалната инвестиција во винаријата, ова претпријатие започна со реализација на новата деловна идеја за вински туризам и угостителство, но при спроведување на оваа идеја наиде на повеќе предизвици – потреба од јасна маркетинг стратегија, план за зголемување на туристичкиот капацитет, нови извори на финансирање итн..

Преку стандардизираната менторска услуга на АППРМ, претпријатието доби стручна поддршка во дефинирање на својот развоен пат. Менторот кој работеше со компанијата помогна во поставување на нова маркетинг стратегија, организациска поставеност на новиот бизнис модел и дефинирање на план за дигитална промоција. Дополнително, во рамките на програмата за менторство беа предложени конкретни чекори за проширување на капацитетите – изградба на апартмани, категоризација на објектот и зголемување на производствените можности.

Дополнително, преку програмата „Ваучерски систем на советување“ која исто така се реализира преку АППРМ, претпријатието доби поддршка за изработка на современа веб-страница и активности поврзани со промоција на социјалните мрежи, со 50% кофинансирање на трошоците за ангажирање стручен маркетинг советник.

Како резултат од сето тоа, „Кокино Вино“ веќе реализираше изградба на нови апартмани, инсталираше фотоволтаична соларна централа и го зголеми бројот на вработените. Во тек се и постапки за категоризација на туристичкиот капацитет и зголемување на производствениот капацитет на вино.

Сопственикот на претпријатието, Андреј Петковски вели дека процесот на менторство бил клучен во донесување на одлука за реализација на нови идеи: „Менторството ни помогна да размислуваме поиновативно, да бидеме покреативни и подготвени да прифатиме промени. Тоа е особено важно за семејните компании како нашата. Сега се движиме нагоре – растеме и се развиваме.“

Директорката на АППРМ, Даниела Димовска,ги повикува сите МСП кои имаат потреба од стручна поддршка која ќе помогне во нивниот развој, и кои се среќаваат со проблеми и предизвици во нивното редовно работење да ги следат програмите, повиците и можностите кои ги нуди Агенцијата, особено во делот на менторските услуги и поддршка, преку која програма искусни и обучени ментори помагаат при надминување на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат претпријатијата. Преку учество во “стандардизираната менторска услуга” голем број македонски МСП ги остварија своите деловни цели, станаа поефикасни во своето работење и остварија позитивни финансиски резултати.

Димовоска потенцира дека менторството е еден од највредните ресурси што Агенцијата им го нуди на малите и средни претпријатија – „Претпријатијата кои се приклучуваат на програмите добиваат поддршка не само за решавање на тековните проблеми со кои се соочуваат компаниите, туку се нуди и дефинирање на јасна визија за иднината”.

Остануваме посветни и во иднина да ги поддржиме овие претпријатија преку оваа и други активности и мерки, зошто токму овие претпријатија се генератори на економски раст и развој и поради тоа како државна институција која обезбедува поддршка за МСП имаме обврска да им помогнеме на овие претпријатија да станат поконкуренти на домашниот и странските пазари преку обезбедување на техничка и советодавна поддршка.

 

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

To top