Бизнис

Можни се нови преговори со ОКТА за продолжување на попустот за горивата, велат од Владата

Во однос на електричната енергија, министерката изјави дека поддржува евентуално преиспитување на тарифните блокови доколку резултира тоа со пониски сметки за граѓаните. Таа нагласи дека Регулаторната комисија за енергетика веќе најавила можни анализи во тој правец, а Министерството ќе ги поддржи сите решенија што водат кон намалување на трошоците за домаќинствата.

Министерката за енергетика Сања Божиновска најавува дека ако е потребно повторно ќе се разговара со ОКТА за продолжување на попустот за дизел горивото од четири денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тоа, како што вели, ќе зависи од случувањата со цените на нафтените деривати на берзите и од војната на Блискиот Исток.

  • Следиме се што се случува. Нашите мерки моментално се до 18 мај, што значи дека следната недела ќе видиме што ќе се случува со цените на берзата и со војната. Неколку дена пред истекот на овој рок ќе видиме до каде сме со цените и ако е потребно повторно ќе преговараме со ОКТА за продолжување на попустот. Правиме се што е во интерес на нашите граѓани, рече Божиновска во одговор на прашање на денешната средба со новинарите во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Таа нагласи дека земјава е трета според мерките кои ги презема за цените на нафтените деривати и потенцира дека имаме најниски цени во регионот. Како што посочи ниту една компанија која правела реекспорт на нафтени деривати од земјава се нема обратено во Министерството за енергетика.

  • Државниот пазарен испекторат и Царинската управа веќе проверуваат дали е правен реекспорт на деривати, рече Божиновска.

Во одговор на прашање порача дека е за преоценување на тарифните блокови во смектите за потрошена електрична енергија на корисниците на регулираниот пазар доколку тоа е во интерес на граѓаните и значи намалување на крајната сметка што ја плаќаат.

  • Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вчера тоа го најави, а јас го поздравувам ако е за доброто на граѓаните и ако се намалат нивните сметки. Би сакале и ние да ги видиме пресметките, меѓутоа тоа е нивна дејност, а ние само би можеле да кажеме дека сме „за“ во случај крајната цел да е намалување на сметките на граѓаните, потенцира министерката Божиновска. 

Во однос на електричната енергија, министерката изјави дека поддржува евентуално преиспитување на тарифните блокови доколку резултира тоа со пониски сметки за граѓаните. Таа нагласи дека Регулаторната комисија за енергетика веќе најавила можни анализи во тој правец, а Министерството ќе ги поддржи сите решенија што водат кон намалување на трошоците за домаќинствата.

  • Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика го најави тоа, а јас го поздравувам ако е за доброто на граѓаните и ако се намалат нивните сметки. Би сакале и ние да ги видиме пресметките, меѓутоа тоа е нивна дејност, а ние само би можеле да кажеме дека сме „за“ во случај крајната цел да е намалување на сметките на граѓаните – потенцира министерката Божиновска.

Најнови вести од: Бизнис

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

To top