Бизнис

НБРМ: Клучен предизвик е прифаќањето на електронски плаќања кај малите бизниси

И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето на електронски плаќања кај малите трговци останува ограничено и претставува еден од најголемите предизвици за платниот систем во земјава, истакна вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски.

И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето на електронски плаќања кај малите трговци останува ограничено и претставува еден од најголемите предизвици за платниот систем во земјава, истакна вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски.

На отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците“, организирана во соработка со Светската банка, Величковски посочи дека 84% од граѓаните поседуваат платежна сметка, а три од четворица корисници користат дигитални канали за плаќања. Покриеноста со интернет и мобилна мрежа надминува 90%.

Сепак, повеќе од 90% од плаќањата кај малите трговци сè уште се во готовина. Од околу 16.700 трговци, само околу 36.000 уреди овозможуваат електронски плаќања, што укажува на нерамномерна и концентрирана употреба.

„Клучниот предизвик не е подготвеноста на граѓаните, туку ограничената можност на малите трговци да прифаќаат дигитални плаќања. Тие сè уште ги сметаат за скапи и сложени“, рече Величковски.

Тој посочи дека решението лежи во воведување поедноставени модели, како инстант плаќања преку клон на ТИПС, QR кодови, плаќања преку алијаси и инстант потврди за трансакции.

Вицегувернерот ја нагласи соработката со Светската банка во реформите, вклучително приклучувањето кон СЕПА и модернизацијата на платниот систем, со цел секој мал трговец лесно и евтино да прифаќа дигитални плаќања.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top