Бизнис

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10 ќе потпишеме Договор за брза пруга

Тоа е многу значајно за нас бидејќи нема поента да потрошиме над 2 милијарди евра, а другите држави да не градат

Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга на Коридор 10 со кои се обврзуваме да воспоставиме брз транспорт, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски по средбите во Брисел со претставници од ЕУ и министрите за транспорт од регионот на Министерскиот совет. Тој најави дека на иницијатива на Австрија ќе се потпише и Договор за доизградба на Коридор 8.

“ Она што очекував дека ќе се случи се случува, а тоа е дека ќе потпишеме заедничка декларација Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија за изградба на железнички коридор 10, нешто што беше подготвено од минатата година, но за жал заради несреќата во Нови Сад тоа беше одложено. Тоа е многу значајно за нас бидејќи нема поента да потрошиме над 2 милијарди евра, а другите држави да не градат. Ќе се обврзе Грција да го заврши делот од над Солун до Гевгелија. До јануари ќе ја завршат сигнализацијата до Гевгелија, ќе има најмодерна сигнализација и после тоа ќе почнат да работат на двоколосечна пруга, што значи дека едноколосечната пруга веќе до јануари ќе биде со брзина до 120 км на час за карго што значи дека возовите многу побрзо ќе одат до солунското и атинското пристаништа. Понатаму ќе треба да ја работат и втората линија која треба да биде патничка и ќе се поклопи со горе/долу 2030 година период кога и ние ќе ги завршиме двете линии, додека првата карго линија ќе биде готова 2028 година.

Понатаму, Србија треба да го изгради делот што недостасува од граница до Ниш, Белград – Будмипешта е готова и ја ставаат во функција, а Будимпешта -Виена постои како брза пруга, што е една одлична вест за Коридор 10. Исто така на иницијатива на Австрија ќе потпишеме и Договор за Коридор 8, за да Албанија се обврзе да гради затоа што нема поента ние да трошиме средства, Бугарија да троши, а Албанија да не го прави истото, бидејќи треба да се поврземе од Драч до Црното море” – истакна Николоски.

Тој додаде дека визијата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија да стане центар на Балканот, во овие година и половина почнува да дава резултати и како факти ги истакна овие меѓународни средби и средства што се одвојуваат за крупните капитални проекти.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top