Бизнис

Објективен поглед однадвор може да направи значителна разлика

Во брзо менлив свет каде претприемачите секојдневно се соочуваат со нови предизвици, навремена и стручна поддршка може да направи голема разлика

Во брзо менлив свет каде претприемачите секојдневно се соочуваат со нови предизвици, навремена и стручна поддршка може да направи голема разлика. Кога работиме секојдневно во нашиот бизнис, честопати се наоѓаме во „внатрешна перспектива“ – гледаме низ лична призма, одлучуваме врз основа на навики, рутина и искуство. Но, токму тоа, понекогаш не ни дозволува да ги забележиме клучните слабости или можности за раст.

Токму ова го откри и семејното претпријатие ИКС МИЛЕДИ ДОО Куманово, кое со години успешно произведува леб, кифли, бели печива, бурек и други пекарски производи. Основано уште во 1991 година, претпријатието постојано се прилагодува на барањата на пазарот, но во еден момент, со растот на конкуренцијата и новите трендови, почувствува потреба од поголема трансформација.

Иако, на почеток биле скептични, сопствениците одлучиле да аплицираат за програмата за менторски услуги на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, надевајќи се на професионален совет и насока за понатамошен раст. Искористија можност која често се потценува – објективен и стручен увид однадвор.

По одобрувањето на нивното вклучување во програмата, бил назначен ментор кој започнал со детална дијагностика на состојбата во претпријатието. Заедно со сопствениците се дефинираа јасни цели: подобра организација, развој на нови производи, освежување на визуелниот идентитет и проширување на пазарот.

„Менторството ни помогна да ги видиме нештата поинаку. Научивме да ги анализираме нашите идеи, да носиме побрзи и подобро аргументирани одлуки. Го редизајниравме визуелниот изглед на продавниците, создадовме ново лого и изработивме стратешки акциски план. Отворивме и нов продажен објект.“ – изјави ко-сопственичката Соња Русевска.

Со поддршка од менторот, ИКС МИЛЕДИ не само што го освежи својот бренд, туку и доби информации за можности за финансирање и грантови – клучни алатки за понатамошно проширување.

„Сите мислиме дека најдобро си го познаваме сопствениот бизнис. Но менторството ме научи дека често гледаме субјективно и пропуштаме важни детали. Кога искусен професионалец ќе го погледне вашиот бизнис однадвор, може да ви понуди решенија што самите не би ги увиделе.“ – додава Русевска.

Четири години по завршувањето на менторскиот процес, претпријатието бележи постојан раст – и во приходите, и во бројот на вработените.

„Ова е уште еден позитивен пример од спроведувањето на нашата програмска активност – стандаризирани менторски услуги, која успешно се реализира веќе седма година. Нашите ментори им помагаат на малите и средни претпријатија да ги надминат тековните предизвици и да ги постават темелите за понатамошен раст.“ – изјави директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, г-ѓа Даниела Димовска.

Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги повикува сите претприемачи на мали и средни претпријатија да аплицираат за програмата – “стандардизирани менторски услуги” и да добијат професионална поддршка – со посветеност, стручност и практични резултати.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

To top