Бизнис

Падна 5Г мрежата на Телеком

Во моментот е прекинат работата на 5G мрежата на Македонски Телеком, што резултира со невозможност за остварување телефонски повици преку овој оператор.

Во моментот е прекинат работата на 5G мрежата на Македонски Телеком, што резултира со невозможност за остварување телефонски повици преку овој оператор. Од службите на компанијата информираат дека 4G мрежата останува целосно оперативна, па преку неа корисниците можат без проблеми да вршат повици и да користат други услуги.

Станува збор за системски дефект во инфраструктурата, на кој во моментов интензивно се работи од страна на техничките тимови. Се очекува 5G мрежата брзо да се стабилизира и да се врати во нормална функција, со минимални дополнителни нарушувања за корисниците.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

Најнови вести

To top