Бизнис

Реплек ја носи РЕсет енергијата во Тиквешијата: Кавадарци ќе вежба со Елена Бубало и Младен Тодоровски

Во сабота, спортската сала „Јасмин“, со почеток од 11.00 часот, ќе биде место каде што граѓаните од Кавадарци и целиот тиквешки регион ќе имаат можност да бидат дел од динамична фитнес сесија

По осум успешни изданија исполнети со позитивна енергија и мотивација, РЕсет платформата на „Реплек“ на 6 јуни пристигнува во Кавадарци, продолжувајќи ја серијата настани низ земјава посветени на здравите навики, активниот животен стил и грижата за
добросостојбата. Настанот ќе се реализира со поддршка и учество на фитнес инструкторите Елена Бубало и Младен Тодоровски, кои преку заеднички тренинг и мотивациска атмосфера ќе ги поттикнат присутните да направат чекор повеќе за сопственото здравје и баланс.

Во сабота, спортската сала „Јасмин“, со почеток од 11.00 часот, ќе биде место каде што граѓаните од Кавадарци и целиот тиквешки регион ќе имаат можност да бидат дел од динамична фитнес сесија, наменета за сите генерации и за различни нивоа на физичка
подготвеност.

Покрај Елена Бубало, која е заштитен знак на РЕсет активностите, дел од сесијата ќе биде и Младен Тодоровски, инструктор и активен член на локалната фитнес заедница, кој со својата енергија и посветеност кон здравиот начин на живот ужива голема поддршка меѓу своите сограѓани. Неговото вклучување му дава дополнителна локална димензија на настанот и ќе создаде уште посилна поврзаност со посетителите.

Настанот е дел од РЕсет платформата за добросостојба на „Реплек“, креирана со цел да поттикне ведар дух, здраво тело и ментална сила. Преку фитнес активности, едукација и
интерактивни настани, таа активно работи на подигање на свеста за значењето на здравите животни навики и важноста на физичката активност во секојдневниот живот.

РЕсет Vol.9 е отворен за сите, без разлика дали редовно вежбаат или одамна не биле на
тренинг, дали доаѓаат сами или со друштво, или едноставно сакаат да направат мал „ресет“ од секојдневната рутина. Она што е најважно е учесниците да дојдат со позитивна енергија и подготвеност да направат нешто добро за себе. Учеството на настанот е бесплатно, а пријавувањето се врши преку следниот линк:
https://shorturl.at/t3rMT.

Во изминатиот период, РЕсет прерасна во платформа што успешно ги поврзува луѓето преку физичка активност, мотивација и заедничка грижа за добросостојбата. Со секое ново издание, таа носи нова динамика и локален печат, продолжувајќи да ги охрабрува граѓаните да создаваат поздрави и поквалитетни животни навики.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top