Бизнис

ТИТАН Усје: Јавниот дијалог со сите засегнати страни е важен дел од процесот за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола

Во рамките на законската постапка, се одржа јавна расправа за продолжување на А–интегрираната еколошка дозвола на ТИТАН Усје. Во рамките на јавната расправа, ТИТАН Усје ги презентираше информациите за своето работење, примената на најдобрите достапни практики и активностите што компанијата ги презема за заштита на животната средина.

Јавната расправа претставува важен дел од законската процедура и можност сите заинтересирани страни да ги изнесат своите ставови, прашања и забелешки. ТИТАН Усје го поздравува учеството на јавноста и верува дека аргументиран дијалог и размената на информации се најдобар начин за градење доверба.

Во март годинава ТИТАН Усје до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднесе апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, која е во согласност со важечките законските и подзаконските акти. Компанијата доследно, навремено и транспарентно ги спроведе сите постапки и активности предвидени со процедурата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола. Апликацијата е јавно достапна и ставена на увид на сите заинтересирани страни.

Како дополнителен чекор кон поголема транспарентност, компанијата го стави во функција новиот Усје портал за животна средина – https://envi-platform.usje.mk/mk/, преку кој јавноста ќе има пристап до дневните податоци од независниот 24-часовен мониторинг на емисиите, информации за еколошките активности, инвестициите и другите релевантни документи. Порталот овозможува и директна комуникација со компанијата, преку можност за поставување прашања и добивање дополнителни информации.

Како прва компанија во Скопје што доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ТИТАН Усје уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во постојан  инвестициски циклус за модернизација и унапредување на процесите.

ТИТАН Усје е посветена на работење согласно законските прописи, европските стандарди и принципите на одржлив развој. Компанијата и во иднина ќе продолжи со континуирани инвестиции во модернизација, намалување на влијанијата врз животната средина и отворена комуникација со сите засегнати страни.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top