Бизнис

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ТИТАН Усје повеќе од 70 години е дел од заедницата, а преку програмата „Партнерство со училиштата“, која се реализира од 2009 година, компанијата континуирано инвестира во подобри услови за учење и развој на учениците

ТИТАН Усје го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и
инженерството.

На завршниот настан од втората година од програмата за 3Д печатење присуствуваа повеќе од 500 ученици од осум основни училишта од Општина Аеродром, директорите на училиштата, професорите, претставници од Општина Аеродром, Технолошко Металуршкиот Факултет и партнери на проектот.

Обраќајќи се пред присутните, главниот извршен директор Константинос Николаоу истакна дека програмата претставува значајна инвестиција во знаењето, љубопитноста и потенцијалот на младите генерации.

На настанот пред присутните се обрати техничкиот директор Љупчо Дончев, коj истакна дека преку обуките за 3Д печатење во „Иноваториум“ , учениците имаа можност да се запознаат со 3Д печатење, роботика и основи на инженерство, но уште поважно – да учат преку истражување, експериментирање и создавање.

„Во ера на дигитализација, многу е важно на младите да им понудиме и можности за стекнување на дополнителни вештини и навики, покрај оние што ги добиваат во училиштата. Кога го формиравме „Иноваториумот“ нашата цел беше да креираме простор преку кој ќе поттикнеме поголема мотивација и градење на интерес кон СТЕМ науките кај учениците и основните училишта од овој дел на градот.

Особено ни е драго што оваа година обуките ги проширивме и во Општина Аеродром, каде беа
вклучени 524 ученици. Со програмата минатата година беа опфатени основните училишта од Општина Кисела Вода со учество на повеќе од 200 ученици. Ова е силна потврда дека младите имаат голема желба да учат, да истражуваат и да се запознаваат со современи технологии“, истакна Љупчо Дончев.

Во реализацијата на програмата, партнери на ТИТАН Усје се Технолошко-металуршки факултет, локалната самоуправа и училиштата, а од компанијата посочуваат дека токму ваквите партнерства се клучни за создавање подобри можности за младите.

ТИТАН Усје повеќе од 70 години е дел од заедницата, а преку програмата „Партнерство со училиштата“, која се реализира од 2009 година, компанијата континуирано инвестира во подобри услови за учење и развој на учениците.

На крајот од настанот, учениците добија признанија за успешно завршените обуки, а од компанијата упатија порака младите да продолжат да истражуваат, да поставуваат прашања и да создаваат, бидејќи токму тие се иднината.

„Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“ е лоциран во кругот на ТИТАН УСЈЕ, а за учениците е обезбеден и автобуски превоз. Дел од капацитетите на „Иноваториумот“ и научните помагала се ставени на располагање на сите наставници по математика, физика и хемија од општинските училишта, со што ќе можат да го користат и во текот на редовн

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top