Бизнис

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува во ВЕРО Центар.

Во периодот од 10 до 16 часот, посетителите ќе имаат можност да бидат дел од тридневна програма посветена на домашните вкусови, традиционалните производи, рачната изработка и зачувувањето на културното наследство.

Посебен дел од програмата е посветен на меѓугенерациското дружење и пренесувањето на знаењата и вештините кои со децении се негуваат во нашите семејства. Корисниците на Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвен крст на град Скопје ќе реализираат креативна работилница за изработка на предмети од глина и плетење.

Преку непосредна дружба со најмладите посетители на ВЕРО Центар, повозрасните учесници ќе ги споделат своите вештини, знаења и животни искуства и ќе им покажат дел од традиционалните техники кои со генерации биле дел од македонското секојдневие. На овој начин, „Домашно со љубов“ добива и посебна социјална димензија, создавајќи простор во кој различни генерации се поврзуваат преку креативноста, традицијата и заедништвото.

Во рамките на манифестацијата ќе биде организиран и базар со рачни изработки и домашни производи, а посетителите ќе имаат можност и да уживаат во дегустација на храна и различни домашни вкусови. На овој начин, настанот ќе понуди целосно доживување на традицијата,  преку производите, ракотворбите, мирисите и вкусовите кои нè потсетуваат на домашната трпеза и семејните обичаи.

Кон настанот ќе се приклучат и повеќе познати компании и брендови, меѓу кои Жито Лукс, Мамас, Подравка, Алкалоид, Виталиа, Монтенегро и Бучен Козјак, кои со своето учество ќе ја збогатат понудата и програмата на манифестацијата.

„Со „Домашно со љубов“ сакаме ВЕРО Центар да биде место каде традицијата не само што се памети, туку и се доживува и споделува. Домашните вкусови, рачните изработки и знаењата на повозрасните генерации се важен дел од нашето наследство. Особено ни е драго што преку овој настан создаваме простор тие вредности да им се пренесат и на најмладите“, велат од ВЕРО Центар.

Манифестацијата е отворена за сите посетители, а ВЕРО Центар ги поканува граѓаните денес и утре, 17 и 18 октомври, од 10 до 16 часот, да уживаат во домашните вкусови, дегустациите, креативноста и дружењето.

Најнови вести од: Бизнис

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

To top