Бизнис

Вучиќ разговарал со Путин, Србија и понатаму ќе добива двојно поевтин гас од Русија отколку на берза

Во случај на копнена инвазија врз Иран, светот, а особено Европа, ќе се соочи со најголемата енергетска катастрофа во историјата, предупреди српскиот претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека телефонски разговарал со својот руски колега Владимир Путин и потврди дека Србија добила продолжување на гасниот договор за уште три месеци „по многу поволни услови“.

„Сакам да им кажам на луѓето како изгледа тоа и зошто му се заблагодарив (на Путин). Денес гасот е некаде околу 645 долари за 1.000 кубни метри на TTF на берзата, така што би платиле околу 690 долари ако го земеме на тој начин, а во суштина плаќаме помеѓу 320 и 330 долари. Значи, што е продолжувањето, тоа е под исти услови – шест милиони кубни метри гас дневно, тие се многу флексибилни и ако дојдат постудени или полоши денови или поплавени подрачја, и ако е потребен повеќе гас, тоа ќе ни овозможи таков вид флексибилност за да можеме да увезуваме повеќе. Во исто време, цената останува според формулата за нафта, што значи многу, многу пониска цена од берзанската цена“, објасни Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија ќе биде втора или трета земја во Европа со најниски цени на гасот.

„Задоволен сум што сега знам дека барем нема да имаме проблеми со гасот. Нафтата денеска е 115 долари за барел, се плашам дека утре ќе биде повисока. Го велам ова затоа што сакам да знаете дека цената на дизелот на пумпите треба да биде најмалку 290 динари. Додека државата Србија може да го издржи тоа, ние ќе го издржиме уште некое време. Но, ако оваа катастрофа продолжи и ако се изврши копнен напад, напад врз островите, светот, особено Европа, ќе се соочи со најголемата енергетска катастрофа во историјата. Ги молам сите уште еднаш добро да размислат, Европа не може да го издржи ова, никој не може да го издржи“, рече тој.

Претседателот на Србија додаде дека ќе има општ колапс поради цените на енергијата и дека Европа ќе ја плати највисоката цена.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

(Фото): УЈП ќе разменува искуства со Унгарија за дигитализација и наплата на даноците

Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

To top