xnula.mk одбележува две години постоење на македонскиот пазар како онлајн продавница за премиум производи од светски познати брендови. Со внимателно одбран асортиман, xnula.mk им овозможува на купувачите пристап до иновативни производи за домаќинство, лична нега и активен животен стил.
По тој повод, од 12 до 18 ноември, купувачите ги очекуваат роденденски попусти до 43% на избрани производи.
Асортиманот опфаќа робот и стик правосмукалки, производи за нега на коса и еспресо апарати. Како официјален увозник на Dreame, Dyson и Yesoul, xnula.mk нуди оригинални производи, гаранција и сервисна поддршка.
„Довербата што ја градиме со нашите купувачи веќе две години е наш најголем мотив да продолжиме да се развиваме и да нудиме внимателно одбран асортиман, современа технологија и сигурна поддршка во секоја фаза од купувањето“, велат од тимот на xnula.mk.
На xnula.mk купувањето е сигурно и едноставно, со брза и бесплатна достава низ цела Македонија и со можност за купување на рати преку Iute и Diners.