Бизнисот не е парламент па да оди на предизборна пауза

Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, на средбата со економскиот тим на Владата предводен од вицепремиерката Мила Царовска порача дека бизнисот пред избори не може да си дозволи – пауза.

Бизнисот не треба да чека изборите да поминат за да донесува одлуки за работењето бидејќи одлуките треба да се носат кога е потребно, а компаниите да се развиваат.

„Директорите на компаниите, странските инвестиции и домашните компании да ги носат одлуките сега, а не да чекаат да поминат изборите. Бизнисот мора да напредува“, апелираше Петер.

Според него тоа е потребно оти глобалната економија и економијата во Македонија не се на пауза како што е Парламентот пред избори.

SHARE