Јанаки Митровски, адвокат и еден од основачите на Здружението за канабис и зелени политики во интервју за „Капитал“ зборува за бизнисот со одгледување на канабис за медицински цели во кој досега влегле 40 милиони евра инвестиции.

„… Законот е така поставен да им дава златен рудник на компаниите, а среден прст на пациентите и уживателите. Милион евра и добри политички врски и ти си бизнисмен, а ако имаш болен член на семејство и недостиг од средства-криминалец“, вели Митровски.

Тој сепак смета дека ќе има и позитивен ефект – легализацијата треба да доведе до искоренување или драстично намалување на црниот пазар. Никој нема да конзумира кафеав канабис со сомнително потекло… вели Митровски.

Извор: Капитал

SHARE