Бјадов: Нема Македонци без Македонија ниту Македонија без Македонци (СТАТУС НА ДЕНОТ)

Илинден е епитом на она што Македонците отсекогаш сами го правеле и создавале, особено кога знаеле дека изгледите им се мали, а последиците големи оти имаат помоќен непријател против себе.

Секоја битка и војна е крваво платена со свои сили и пожртвуваност. Затоа, љубовта кон слободата е љубов кон Македонија! Македонците не се послушни и робови, тие се слободољубиви и правдољубиви!

Тоа ги прави најпитомиот народ во Европа, оти да покажеш таква воздржаност кон неправдата бара големи сили и свест!

Лесно е да се дивее, тешко е да се скроти ѕверот во себе! Секој што не се пронаоѓа во овие одредници си го одзема правото да се нарече Македонец.

Тоа е голема одговорност и света должност! Во пресрет на Илинден, да не ги заборавиме жртвите, и да го имаме на ум ова!

Македонија без Македонците не може да биде, како што ни Македонците без неа не можат да бидат. Тие си припаѓаат нераскинливо!

Трајче Бјадов
Филолог

SHARE