Семејството Стајиќ, донира 1 милион денари за семејството на трагично починатата Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат други три животи, пренесе Сител.

„Нашето семејство изразува длабоко сочувство до семејството Диневи и воедно им изразува огромна благодарност за хуманиот гест кој им овозможи на три лиц да ги продолжат своите животи. Можеме само да замислиме низ што поминуваат и се надеваме дека барем малку можеме да им помогнеме. Треба да се горди.“ – велат од семејството Стајиќ основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија .

Воедно, се надеваат дека ова семејство ќе мотивира и други да го следат примерот и да продолжат да се спасуваат човечки животи, да се најде барем малку среќа во било која несреќа.

SHARE