Поранешниот шеф на грчката дипломатија вчера во Минхен имал непријатна, а на моменти и опасна средба со претставници на грчката дијаспора која дофрлаше погрдни зборови кон него , а во еден момент се заканија дека ќе го истепаат. Повод за ваквата реакција на Грците во Германија бил Преспанскиот договор кои тие не го одобруваат.

Никос Коѕијас денес ги обвини тие што дофрлаа со погрдни зборови кон него поради надворешната политика и Преспанскиот договор, дека се „десничари и фашисти“.

„По три часа разговори и давање аргумент по аргумент на прашања од фашисти и екстремисти тие почнаа да се закануваат со насилство. Масата се сврте против нив и ги избрка од настанот“, објави Козијас на Твитер.

Извор: Пресинг.Тв

https://youtu.be/yXMxvTVByGc