Близнаци во Индија ги крстиле Ковид и Корона

Брачна двојка од индискиот град Раипур среде пандемијата од коронавирус реши на своите новородени близнаци да им ги даде имињата Ковид на машкото и Корона на девојчето.

„Благословена бев со близнаците, девојче и машко, на 27 март рано наутро. Засега ги нарековме Корона и Ковид. Родив во тешки околности, па сопругот и јас сакавме тој ден да остане запаметен. Кога и медицинскиот персонал ги завика така, решивме да ги наречеме според пандемијата“, изјави 27-годишната мајка за агенцијата ПТИ.

Во Индија, која има околу 1,4 милијарди жители, регистрирани се 2.567 заболени од коронавирус и 72 починати.