Близок соработник на Заев бил за “Обединета Македонија” со Вардар, Пирин Егеј (ВИДЕО)

Екс ракометниот репрезентативец Наумче Мојсоски кој сега е шеф на една од комисиите на СДСМ јавно ја прокламирал идејата за “Обединета Македонија”.

Додека бил член на репрезентацијата на Македонија Мојсоски го употребувал знакот со кој се симболизира идејата “Голема Македонија” во која треба да се обединат Македонците кои живеат во Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.

Овој знак Мојсоски го користел во повеќе наврати додека се пеела националната химна.

Симболот за голема Македонија кој се прави со поврзани палец и показалец и исправени три прсти кои ги означуваат Вардар, Пирин и Егеј Мојсоски го аплицирал на своето срце со што вообичаено лумето сакаат да кажат дека идејата е дел од нивната животна филозофија.

Мојсоски кој сега го брани Преспанскиот договор и промената на името откако стана претседател на комисијата за спорт на СДСМ веќе не го користи симболот на Голема Македонија.

SHARE