Близу 58 милиони заразени со Ковид-19 во светот

Бројот на инфекции со коронавирус ширум светот во последните 24 часа е зголемен на 659.511 лица, објави АП, со шо бројот на случаи од почетокот на пандемијата е речиси 58 милиони.

Бројот на смртни случаи за 24 часа е 11.086 лица, според податоците собрани од здравствените власти ширум светот што од почетокот на пандемија од коронавирус починале 1.377.539 лица.

Најтешко се погодени САД, а досега се пријавени над 12 милиони случаи на корона.

SHARE