Штетите предизвикани од разорниот земјотрес што ја погоди Албанија утрото на 26 ноември минатата година, се проценетти на повеќе од 985 милиони евра.

Земјотресот на 26 ноември 2019 година беше еден од најтрагичните во Албанија – загинаа 51 лице, а илјадници беа повредени. 

Министерот за земјоделство на Албанија, Бленди Чучи, ја објави и официјалната бројка на штета предизвикана од овој земјотрес, која изнесува 985 милиони евра, пренесе МИА.

Околу 17,000 луѓе беа принудно раселени од своите домови. 202.000 луѓе беа погодени на директен или индиректен начин од земјотресот во 11 општини.

Околу 90 странски и домашни експерти го комплетираа извештајот за проценка на штетата кој ќе претставува релевантен документ без кој Албанија не може да бара пари како помош за Програмата за обнова на Донаторската конференција на 17 февруари.

SHARE