Блокиран целиот личен имот на еден од најбогатите Македонци во историјата

Македонската влада преку своите финансиски институции целосно го блокирала личниот имот на сопственикот на Еуростандард банката во стечај Трифун Костовски.

Костовски открива дека по завршување на предистражната постапка за стечајот на банката, целиот личен имот му е комплетно блокиран.

Се работи за огромен имот кој е стекнуван 35 години во огромни бизниси во повеќе европски држави членки на ЕУ.

Според Костовски блокадата на неговиот личен имот, покрај сумата од стотина милиони евра која неговото семејство ја има како влог во Еуростандард, е почеток на пресметката со него од “организаторите на овој криминал кои тргнале првенствено кон згаснување на Еуростандард банка со цел да не се дојде до крајната дестинација каде завршиле парите”.

Државните институции молчат за блокираниот имот на еден од најбогатите Македонци.

Блокадата на неговиот имот се случи по надзорната расправа за стечајот на Еуростандард во Собранието и острите обвинувања кои Костовски ги упати кон владините институции.

Какви црнила од власта навестува бизнисменот?

Целата колумна на Трифун Костовски: Што остана да ми земат – мојот живот?

SHARE