Блокиран сообраќајот во центарот на Скопје

Поради блокирањето на сообраќајот на потегот од „Рекорд“ до Собранието на Македонија, во овие во моменти се случува вистински сообраќаен хаос во центарот на Скопје.

Колони возила има на сите околни сообраќајници.

Неофицијално, причина се предвидените активности пред Собранието каде што денеска треба да биде потигнато знамето на НАТО, откако ќе биде ратификуван протоколот за прием на земјава во Северноатлантската алијанса.

SHARE