Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски во синоќешното гостување на ТВ 24 рече дека трасата на патот Кичево- Охрид не била промашена.

„Од друга страна за Кичево Охрид , да, се согласувам дека не била промашена трасата. Можеби тоа е терминологија која што се употребуваше и не од СДСМ туку и од граѓаните и од медиумите можеби била превземена од некои од СДСМ.

За изградбата на патот Кичево – Охрид доцни се тврдеше дека не може да продолжи токму поради промашена траса, потсетува порталот „Јавно“, а тоа го изјави и премиерот Зоран Заев.

 „Не може бандитските работи на автопатите криминално да ги продолжиме заради тоа што мора да знаат граѓаните дека цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса. Не може да не знаат граѓаните дека тоа што претставува нерешени имотно – правни односи заради провизијата, брзајќи да се реализира нанесува огромни штети врз Република Македонија и врз буџетот на граѓаните на Република Македонија.“ – изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

SHARE