Богоевски: Џафери до полноќ да закаже седница за имунитетот на Вељаноски

Собранието да одлучува по барањето на Судот за одземање на имунитетот на Трајко Велјановски, бара претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашња, Павле Богоевски.

Комисијата  синоќа не донесе одлука откако 4  пратеници од СДСМ, гласаа „за“, а  4  пратеници од ВМРО ДПМНЕ „против“ одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен парламентарен спикер Вељаноски.

„Извештајот од седницата на Комисијата е поднесен во собраниските служби …

Согласно чл.54 ст.1 врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, Собранието најдоца во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот (до денеска на полноќ), одлучува по барањето (а не по ставот на комисијата)“ вели Богоевски, како што пренесува НОВА ТВ.

Богоевски очекува  Претседателот на Собранието, Талат Џџафери да ја исполни својата должност и да закаже седница во предвидениот рок, до денеска на полноќ.

SHARE