Пратеникот Павле Богоевски во полициската станица Центар, се пријави самиот но и непознат сторител, односно авторот на постот на руската социјална мрежа ВК кој тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин.

Разговорот од 41 секунда беше објавен на профил со име Илија Громовник.

Богоевски претходно на Фејсбук напиша не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави дека бил нелегално сниман од страна на таксист кого не го памти.

Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање.

Според него разговорот е снимен пред неколку месеци, но се пушта сега кога тој како претседател на комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да закаже расправа за одземање на мандатот на Никола Груевски, поради 6-месечното отсуство по бегството од Македонија.

SHARE