Богоевски: Талат направи будали од сите нас

Претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и пратеник,  Павле Богоевски, на ФБ се пожали дека парламентарниот спикер го направил „будала“ и него и сите други кои на 27 април 2017 гласале Талат Џафери да стане претседател на македонскиот парламент.

„Нашиот глас за Талат Џафери на 27ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка“, напиша Богоевски…

„Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас.

Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат.

Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет“, напиша разочараниот пратеник.

SHARE

2 Коментари

  1. Za da go pravish budal od neko treba ona da je pametna. A taljat vi go pravep veqi budali nego sta ste. Alji ste budalji za. Malji novac ste pradalji sve bre bre glupi severdzanci

Comments are closed.