„Боинг“ ја откажа промоцијата на новиот авион „777х“

Церемонијата за промовирање на новиот авион „Боинг 777x“, планирана за 13 март во Сиетл, ќе биде одложена на неодредено време, соопшти компанијата по вчерашната втора несреќа за само пет месеци на авиони од типот „ 737 Макс 8“.

На церемонијата требаше да присуствуваат врвни директори и бројни почестени гости, кои беа повеќе од желни да ја видат презентацијата на  „777х“, најголемиот и најефикасен авион со двојни мотори во светот.

Дизајниран  да го продолжи успехот на серијата „777“ и „787-дримлајнер“, авионот треба да ја замени сегашната пензионирана „747“ флота.

Производството на првиот тест модел на „777х“ започна во 2017 година, а првите испораки се закажани за следната година.

Авионот  се очекува да се продава за најмалку 360,5 милиони долари.

SHARE