Бојаџи: Гимназијата „Јане Сандански“ да се вика „Красимир Каракачанов“!

Режисерот Јани Бојаџи со свој коментар за актуелната дебата околу потеклото на револуционерите на чело со Гоце Делчев.

„Секоја нова салата со себе повлекува и нова ракија, Драги мои! Да продолжиме понатаму. Во Струмица, Европска Струмица, сите училишта ги носат имињата на Јане Сандански, Никола Карев, Димитар Влахов и Никола Вапцаров! Сите тие заедно со Гоце Делчев се дел од плејдата револуционери кои од Македонци ќе преминат во Бугари! Значи, сигурно не мислите дека е во ред децата да ви учат утре во училишта кои ги носат имињата на видни Бугари. Немам ништо против Бугарите, да не се разбереме погрешно, ама ќе биде глупо да се слават патрони празници на туѓи војводи и комити! Значи треба да ги нема и нив. Ќе им смислат имиња, не ме секира тоа. Еве може гимназијата Јане Сандански кај што сум учел во име на новото пријателство да се вика ‘Красимир Каракачанов’! Баш би било тоа Европски чин!“, заклучува Бојаџи во својот статус на Фејсбук.

SHARE