Бојкот е најпосакувано сценарио за Владата – Пишува Горан Момироски

Деновиве неколку пријатели ме прашуваат дали бојкотот на претседателските избори е добра опција во битката против власта.

Откако видов дека повеќе интелектуалци, новинари и активисти критички настроени кон Владата јавно на социјалните мрежи се залагаат за бојкот на претседателските избори, сфатив дека оваа идеја, иако не е доминантна, ниту добро аргументирана, може да ги збуни обичните гласачи какви што од мене побараа совет.

Мала скромна анализа на распоредот на политичките сили покажува дека бојкот на претседателските избори е најдобро сценарио за Заев и неговите компањони.

Има повеќе причини зошто луѓето во Владата молат Бога некој друг, а не тие, да повика на бојкот.

Прво, со тоа Владата се спасува од ризикот нејзиниот кандидат да загуби на претседателските избори без разлика дали Заев и Ахмети ќе одат со консензуален кандидат веднаш или во вториот круг ДУИ ќе ги повика своите симпатизери да го поддржат Стево Пендаровски, на пример.

Фактот што СДСМ својот кандидат ќе го открие дури на 3 март покажува дека власта нема свој сигурен кандидат и затоа до таа дата Заев со нови лаги за економијата базирани врз членството во НАТО ќе се обиде да создаде услови за победа на засега непознатиот кандидат.

Според тајните анкетите кои што ги прават власта и опозицијата, ниту еден кандидат на СДСМ од тие што сега се во игра не може да се надева на победа без огромна поддршка од Албанците и другите заедници и без нова кражба на гласови, како што се случи на референдумот.

Втора причина зошто бојкотот е добар за Владата е фактот што со бојкот вршител на должноста претседател станува спикерот на Собранието, Талат Џафери, кој што веднаш како шеф на државата ќе ги потпише указите за стапување во сила на промените на Уставот и Законот за јазиците.

Со тоа, уставно правната заврзлама која што сега се случува ќе биде донесена на ново правно ниво, иако в.д. претседател нема никакво морално право да потпишува укази за стапување на сила во закони.

Главниот аргумент на тие што се залагаат за бојкот е дека изборите за претседател ќе бидат украдени, но фактите говорат дека токму со бојкот ќе се зголеми шансата за изборна кражба.

На сите им е јасно дека за власта многу полесно е да манипулира со гласовите ако граѓаните не излезат на гласање. Затоа што ако излезете на гласање вашиот глас многу потешко ќе биде украден од кого било.

Понатаму, во однос на кражбата, која дури и без бојкот сè уште е активна опасност, треба да се знае дека за разлика од референдумот за името, кога немаше партиски набљудувачи, сега ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои претставници на сите места каде што ќе се гласа, најмалку во тие средини каде што постои реална опасност од кражба.

Друг аргумент против бојкотот е извесната битка во албанскиот блок, каде што дури и ДУИ да избегне директна пресметка со Алијанса на Албанците и БЕСА на Касами, ќе има целосен мониторинг од страна на луѓето на Села и Касами, кои нема да сакаат Ахмети да прогласи победа во албанските средини обезбедена со кражба.

Според проценките во албанскиот блок, доколку ДУИ влезе во коалиција за консензуален кандидат со СДСМ уште во првиот круг, АА и БЕСА со добар кандидат можат да добијат над 100 илјади албански гласови за албански кандидат.

Со тоа, ДУИ е ставена во пат позиција да мора да се бори да докажува во јавноста дека нејзините гласови освоени заедно со СДСМ се повеќе од тие на Села и Касами, што е речиси невозможно.

Друг, можеби и најсилен, аргумент против бојкотот е фактот што со едни или повеќе пропаднати избори за претседател власта со своето руинирано парламентарно мнозинство по секоја основа ќе го смени Уставот и во иднина претседателот ќе се избира во Парламентот.

Со тоа се воведува траен консензуален шеф на државата и се укинува принципот на директна демократија, со што граѓаните никогаш повеќе нема да можат самите да го изберат својот народен претставник.

Практично, со спецификите на македонската демократија македонскиот народ и граѓани ќе дојдат во ризик секогаш и во вечни времиња да имаат само индиректно избрани државни претставници, затоа што меѓупартиските комбинации можат и во Владата да донесат премиери и министри кои што не биле дел од изборите.

Таков е случајот со актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој не беше на ниедна листа на изборите, како и со експремиерот Хари Костов, кој во 2004 година стана премиер, а никогаш не го помина јавниот суд во директно изборно соочување.

Со тоа Македонија зачекорува на сигурниот пат на диктатура на партиите кои досега често пати ни покажаа дека интересите на граѓаните не се секогаш нивен главен приоритет.

SHARE

14 Коментари

  1. Дали ти Горан Момироски можеш да се бавиш со посериозни работи отколку да прогнозираш како ќе поминат изборите за претседател? Очигледно дека неможеш. Толкави ти се капацитети. Но и во кладилница не би поминал добро. После изборите ќе се увериш дека, не само што си лош новинар, туку и лошо прогнозираш.

  2. Кога најголемиот дел од општеството е во лимбо (апатична) состојба, прашањето -да се излезе или не на претседателски избори е несериозно и е само уште еден инструмент за манипулација. Ако пак се анализира “понудата“ во услови на диригиран и од надвор управуван политички систем, тогаш излегување на претседателски избори е само потрошено време.
    Прашањето да се излезе или да се бојкотира има смисла само тогаш кога бојкотирањето има резултат, во случај на референдум кога БОЈКОТИРАМ се смета(брои) за НЕ, како одговор, но тоа е во општества кои имаат изборен систем а не тиранија како кај нас. Во наши услови, дали БОЈКОТИРАШ, излегуваш и гласш ЗА или НЕ, не се смета, затоа што да повторам ИНСТАЛИРАНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЕЛИТИ (сите до една се во јатото на ПЕТТА и ШЕСТА КОЛОНА) ОДРАБОТУВААТ ЗА НАДВОРЕШНИ ЦЕНТРИ НА МОЌ!
    Тогаш, бојкотирам или излегувам на избори нема смисла и се претвора во фарса, а им служи за креирање на перцепција за внатрешна и надворешна драмолетка.
    Аргументацијата на Момироски би била издржана ако би биле исполнети некои основни услови за функционалност во демократски услови, такви услови кај нас не постојат, затоа што на дело имаме ТИРАНИЈА. Доволно е да се види односот на сите чинители кон референдумот од 30 септември 2018г. и сета понатамошна дискусија губи на значај и е само во улога на постоечките елити.
    За сега единствениот аргумент кој има значај за излегување или бојкотирање е ПОНУДАТА, односно кои се лицата кои ќе се кандидираат и се разбира за кого “трчаат“. Ако персоналните решенија не задоволуваат, што и да правите, и да излезете и да не излезете, нема значај!
    Во Македонија сега веќе Северџанија, се функционира на клонираниот американски бипартизам само во уште поизвитоперена форма…
    Да повторам, во ТИРАНИЈА излегување на избори нема смисла!

    Да некој не помисли дека е ова песимистичко сценарио, да речам дека е оваа само одраз на сегашната ситуација. Постои решение, а тоа да се изнедри барем еден мал дел од општетсвото кое ќе има едукација од теоријата на управување на и во општетсвото кое ќе артикулира општествена енергија за ослободување од тиранијата, за сега такво нешто нема на видикот.
    Па видете Момироски вели пријатели го прашувале, а тој сигурно за пријатели има лица кои имаат барем формално образование, е ако такви лица немаат капацитет да го користат тоа меѓу ушите замислете како е со другите кои немаат ниту формално образование и кои немаат ниту основни предзнаења…

    …заклучокот е, дека агонијата продолжува, среќен си ако си г… затоа што тогаш не го гледаш тоа и живееш во илузија, би сакл релноста да ме демантира ама мали се шансите за такво нешто.

  3. Ха, ха, ха. Реалноста не може да те демантира, затоа што реалноста НЕ МОЖЕ да допре до твојот заробен ум.

    • …не е толку важно да “допре“ до мојот ум туку до твојот!, a Не може да допре затоа што си многу добро програмиран AI.
      Лица кои заговараат тиранија, и кои цело време пласираат пропаганда под плаштот на некаква си демократија и слобода на говор и мисла, се многу блиски ако не се и директни потомци на Гебелс и Геринг

  4. Токму тоа е твојот проблем пријателе. Ти се причинува тиранија и пропаганда. Не ја гледаш реалноста. Живееш во некакви измислени стравови дека нешто лошо и` се случува на Македонија и македонскиот народ. Нема никаква опасност за Македонија со тоа што постигна договор со Грција и што ќе влезе во НАТО и ЕУ. Нема никаква опасност за Македонија што потпиша договор со Бугарија. Нема никаква опасност за Македонија од законот за јазиците. Нема никаква опасност за Македонија што сега името ќе биде Република Северна Македонија. Ние и понатаму остануваме Македонци, нашиот јазик останува македонски јазик. Што си се уплашил. ОСТАНУВАМЕ И ПОНАТАМУ ИСТИТЕ БУДАЛИ со многу мани и малку добри особини. Со влезот во НАТО и ЕУ ни` се отвара шанса да направиме подобра држава. Што си се уплашил.

    • Единственото точно што си напишал е дека ОСТАНУВАТЕ И ПОНАТАМУ ИСТИТЕ БУДАЛИ, за што има многу аргументи, па и ти самиот си доказ на таквото тврдење!
      Тоа дека сте Македонци, не ти “лежи“ не си ти патриот нели ги мразиш патриотите, па ти самиот тврдиш дека си Северџан, и ајде веќе еднаш одлучи си што си, не може и јаре и паре, затоа што во тој случај добиваш тањир супе и рацку у дупе!
      Тие што и понатаму ќе останат Македонци, се оние кои кришум по дома ќе се удираат во гради или на некоја пијана фешта ќе се занесуваат, и всушност точно е дека се Македонци, само што ќе останат без држава, што е тоа ситница, нели?! На кого денес му треба држава, само на националисти, еве овие Арнаутиве запнале да имаат дури три држави на Балконот, а ти како докажан идиот велиш дека е тоа добро затоа што Северџанија влегувала во НАТО и ЕУропска, може ли да ни кажеш што всушност ќе добијат Македонците од таквите ваши дилови????
      Многу ме интересира што бедотија ќе смислиш или прекопираш.

  5. Што си се уплашил, што кукаш како стара баба! Не биди плачипичка. Никој нема да ни ја земе државата. Никој нема да ни го земе јазикот. Никој нема да ни го земе идентитетот. Секој што сака да биде Македонец ќе биде Македонец. Секој што сака да зборува македонски ќе зборува македонски. Тоа никој не успеал да им го земе на Македонците до сега, не може ни сега. Престани да кукаш. Ако кукале како тебе илинденците и партизаните немаше да имаме ни држава, ни народ, ни јазик, немаше ни нас да не има. А зошто кукаш не знаеш ни самиот. Кукаш од страв од нешто што не постои. Разбери дека твојот страв е неоснован, измислен е. И биди похрабар. Ако некој ни забрани да зборуваме на нашиот македонски јазик, ако некој ни забрани да пишуваме на ова наше писмо, ако некој ни забрани да бираме своја власт, да имаме своја војска, своја полиција, свои установи, ќе се бориме бе ДЛМ! Што си се уплашил! Ако дојде до тоа ќе одиме комити, партизани. Ќе земеме оружје и ќе се бориме. Што си се раскукал како стара баба. Ќе ни направеле ова, ќе ни направеле она. Ебати кукавицата.

    • И илинденците и партизаните и многу други пред нив се бореле и крвавеле за држава Македонија и се што оди со неа. Вие се помочавте на сето тоа и се за неполни две години шитнавте. Па ти и другарчињата твои северџанчиња ке сте се бореле!! Ме изнасмеа. Вие северџаните можете да бидете само третиот од вицот.

      • Е не, ќе седиме како вас, ќе се криеме како вас ко пички под кошули. Ќе седиме дома и ќе пишуваме по интернет дека ни ја зеле државата, јазикот, идентитетот, дека ќе сме престанеле да постоиме, дека ќе не снемало. Ебави кукавиците. Ако мислите дека ни ја зеле државата, дека не` уништиле, дека незнам што ни` направиле, ШТО НЕ ИЗЛЕЗЕТЕ да протестирате, да се борите. Вие сите сте обични КУКАВИЦИ!!! Само кукате по интернет. За ништо не ве бива, освен за кукање.

        • Што е работава? Има во најава дека ќе ги чистите затворите од криминалци и ќе правите место исклучиво за Македонци што ќе се бунат по било кој основ?

    • Глеам не одговараш на ниту едно прашање, што е работата не ти се допаѓаат прашањата или одговорите?
      За кукавица, во прав си на поминати 2,5 војни и на можеби единствен носител на орден во Македонија редно е некој да ми рече и дека сум кукавица, само ако е тоа од некој човек би ме навредило навистина, бидејќи е од изроди и северџани ми забавно…

      • Што ти е забавно? Што си кукавица и плачипичка? Што кукаш и плачеш на интернет од дома дека некој ја уништувал Македонија, а немаш храброст да излезеш да се бориш? Ако сметаш дека некој ја руши државата и го уништува македонскиот народ, што седиш дома и кукаш по интернет. Зошто не излезеш да протестираш, да се бориш со сите средства. Тоа што ти го правиш го прават стари баби и обични кукавици. Какви одговори бараш. Ако мислиш дека Македонија е во опасност излези и бори се. Што чекаш? Или за тоа немаш храброст. А јуначе од под јорган планина? Полесно е да седиш дома и да кукаш дека се руши Македонија.

Comments are closed.