#Бојкотирам бара нов референдум за Северна Македонија

Движењето #Бојкотирам до претседателот на Собранието на Република Македонија поднесе предлог за покренување граѓанска иницијатива за распишување на референдум, соопшти на денешната прес-конференција Тодор Петров кој воедно е и првопотпишан предлагач.

Референдумското прашање гласи: „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“. На ова прецизно и недвосмислено прашање граѓаните треба да одговорат дали се ЗА или ПРОТИВ?.

Од движењето #Бојкотирам побараа Собранието да ја прекине постапката за промена на Уставот на Република Македонија до објавување на конечните резултати од референдумот кој треба да се одржи наредната, 2019 година.

Видео

SHARE