#Бојкотирам посака добредојде за сите, и се закани

Јавачи на бранови. Толку имаме да ви кажеме, се вели меѓу другото во пораката објавена од движењето #Бојкотирам откако вчера во Скопје беше потпишан меморандум во кои маргинални партии и десетина организации започнаа кампања за бојкот на референдумот.

#Бојкотирам ги поддржува сите што сакаат да помогнат за уривање на рњферендумот и во исто време ги предупредува да го почитуваат кодексот на однесување за да не бидат санкционирани.

Мрежата Бојкотирам ги поздравува сите кампањи, иницијативи и слогани за бојкот на референдумот за договорот со Грција со кој се брише Македонија и македонскиот народ.
Некои кампањи се водат под слоганите Dont call me North, Никогаш Северна, Секогаш Македонија, Името е идентитет, Македонија има свое име а други пак под Бојкотирај референдум за Северна Македонија, Бојкот за референдум за името, Бојкот на референдумот 2018. Мрежата Бојкотирам ја поддржува различноста и креативноста во референдумската кампања на другите иницијативи.

Очекуваме и чесно е секој во Македонија и странство да води кампања на свој начин не водејќи се од партиски интереси.

SHARE