Боки 13 доцни на судењето за Рекет бидејќи бил на лекар

Боки 13 го „одложи“ почетокот на првото рочиштге на судењето за случајот „Рекет“ кое требаше да почне во 10 часот.

Од затворот во Шутка за МКД.мк потврдија дека спроводот на Јовановски од истражниот затвор Шутка доцнел поради тоа што тој бил на преглед кај затворскиот лекар.

Второобвинетата Катица Јанева и тртетообвинетиот Зоран Милевски – Кичеец дојдоа утринава во Кривичниот суд на почетокот на судењето за случајот „Рекет“ и трпелливо го чекаа првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 да биде спроведен од Шутка.