Боки 13 е многу болен, вели неговиот адвокат

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дукоски, вели дека неговиот клиент е во многу лоша здравствена состојба.

Во емисијата „КОД“ на ТВ Телма, адвокатот синоќа рече дека Јовановски имал многу големи болки од претходно направени две неуспешни операции.

Боки 13 повраќал речиси секој ден и имал болки, а затворската управа била коректна и секогаш му била обезбедена здравствена заштита.

Јовановски неколкупати беше носен на Клиника за преглед.

SHARE