Видео од примопредавањето на парите и од моментите кога Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец со полни торби евра излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев, се појави во италијанските медиуми во кое нашироко се објаснува случајот на рекетирање на бизнисменот.

Италијанскиот весник La Verità утрово го објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Орце Камчев.

Пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, (преведен и на англиски) на кое Боки му објаснува на Камчев дека во понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен:

Боки 13: Во понеделник ќе ве ослободат
Орце: Добро

Боки 13: Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник

Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А Апелација?!

Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски.

Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продужува, да го одолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода

Извор: Република

SHARE