Италијанскиот „La verita“ утрово објави нова снимка околу случајот „Рекет“ од која недвопсмислено се слуша дека шефицата на СЈО, Катица Јанева, барем во уште најмалку два наврати се слушнала со бизнисменот Орце Камчев од кој Бојан Јовановски – Боки 13 изнудува пари за да му обезбеди да не биде притворен.

Во еден момент (по 2-ра минута од вдеото) од снимениот разговор се слуша Орце Камчев кој вели дека му е потреебен (веројатно пасошот) за да замине во Турција и да склучи договор ,по што Боки 13 говорејќи на телефон преку спикерфон вели „Еве во ред, ги изразговараме сите  сите работи, ги апсолвиравме сите работи и нејаснотии“ на што глас (најверојатно на Катица Јанева) вели „добро“.

Во натамошниот разговор се случа Боки 13 кој вели дека Камчев е уплашен, а Орце одрекува, одново се слуша Јанева која вели:

„Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола, инаку она без мене не може ништо“ говорејќи најверојатно за обвинителката Лиле Стефанова.

Во друга аудио снимка, која „La verita“ ја пласира со транскрип, од телефонски разговор, Орце Камчев му се јавува на Бојан Јовановски и му вели дека на луѓе им пристигнал допис од Катица Јанева, меѓу кои и на братот на неговата сопруга, на што Бојан Јовановски, кој е во друштво со Катица Јанева објаснува дека тие се повикано како сведоци, за да има малку активности во април.

Во прилогот се споменува и познанството на Боки 13 со премиерот Зоран Заев.

БЈ: Утре се глеам со него

ЈК: Со Дејан?

БЈ: Не

ЈК: Со Жаре?

БЈ: Со Зоки.

ЈК: Со Зоки?

БЈ: Со Заев.

Инаку, оввинителката Катица Јанева, вчера призна дека гласот на снимките е нејзин, но дека тоа било во функција на истрагата бидејќи, како што напиша во соопштението, нормално било да комуницира со обвинетите :

,,Како  Специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на инфорамции како би ја подобрила позицијата во контекст на осомничените за секоја истрага/предмет поединечно“ стои во соопштението на Јанева.

SHARE