Боки 13 не може да го следи судењето, му се повраќа

Лекари од Брза помош беа повикани да ја утврдат здравствена состојба на Боки 13, односно да констатираат дали Бојан Јовановски може активно да ја следи главната расправа, непоолн час по започнување на денешното судење за „Рекет“.

Јовановски и неговата одбрана тврдат дека поради неговата состојба активно не може да учествува во процесот.

„Состојбата не ми е добра, отсабајле 10 пати повраќав. Затворскиот доктор рече дека не сум во состојба да го следам судењето, но јас инсистирав да дојдам за да не го избегнувам судскиот процес. Но, не сум во состојба активно да учествувам“, рече Јовановски пред Судот.

Обвинителката Вилма Русковска, порача дека ако лекарите од Градската болница „8-ми Септември“ сметаат дека здравствената состојба му е добра, таа е сигурна дека ниту еден доктор не би ја ризикувал лиценцата., пренесе РСЕ.

SHARE