Боки 13 повикан на распит во понеделник, Јанева ден потоа

Бојан Јовановски , првоосомничен во аферата „Рекет“, в понеделник на пладмне е повикан да даде исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал, дознава Телма.

Распитот доаѓа дури два месеца откако Боки 13 беше притворен.

Тој ќе треба да се соочи со сите докази кои во меѓувреме ги собра
обвинителката Вилма Русковска додека трае истрагата за “Рекет“.

Досега за овој случај беа сослушани повеќе десетици сведоци и лица од можеа да се добијат потребни информации.

Ден подоцна, во вторник, на распит одново е повикана поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, која е во притвор од 21 август, а поднесе усмена оставка истиот ден кога Боки 13 беше уапсен во обид да ја напушти земјата.

Јанева даде исказ кај Русковска само еден ден пред Обвинителството да побара притвор за неа, кој ѝ е продолжен за нови 30 дена.