Боки 13 сакал „авторско право“ на 16 „северномакедонски“ трговски марки

Северно Македонска Пошта, Северно Македонски Телеком се две од дури 16 трговски марки кои се обидел да ги „заштити“ Бојан Јоивановски – Боки 13 во Бирото за индустриска сопственост, дознава „Плусинфо“.

Меѓу нив се и марките Северно Македонска радио телевизија – 1 и Северно Македонска телевизија – 1, како и Прва Северно Македонска ТВ.

Боки 13, првоосомничен во аферата „Рекет“, се обидел да ја регистрира и трговската марка А1 на Велија Рамковски под име А1 -Северно Македонска ТВ.

SHARE